March 28, 2024, 12:09 pm

Македонија ја очекува Либанско сценарио, поскапување на цени и рестрикции на струја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Очигледно е дека како и во другите сфери од економското и општественото живеење, во Македонија владее целосна некомпетентност во менаџирањето со државните институции и ресурси.

  Порастот на цените на електричната енергија на меѓународниот енергетски пазар, ги изнесе на виделина сите слабости во управувањето со енергетскиот сектор. Според она што го говорат експерти од областа на енергетиката, земјата е во лоша енергетска состојба, најавениот тендер на Владата за набавка на јаглен за РЕК Битола и за ТЕЦ Неготино, кој што имаше за цел да го амортизира ценовниот шок од зголемената цена на увезената електрична енергија, со домашно производство пропадна. Блоковите на РЕК Битола или работат половично, или не се во функција поради несоодветно планирање на набавките и одржување.

Како што гледаме поради лошото менаџирање и несоодветно планирање Македонија четири пати без најава заради балансирање презела струја од европската мрежа со цел да го компензира недостатокот од струја, а тоа вообичаено се прави по цени што се двојно или тројно повисоки од пазарната цена. Тоа значи дополнителен издаток од државниот буџет.

Ако знаеме дека во последниве неколку години јавниот долг надмина 64,4 % во однос на БДП (само за 4 години е зголемен за 16,7% или 2,6 милијарди евра), а со оглед дека овие средства не се предвидени во буџетот, тогаш неопходно е истите да се обезбедат со дополнително задолжување на домашниот или меѓународниот пазар. Тоа дополнително би ја влошила состојбата во менаџирањето до јавниот долг кој е на историско највисоко ниво. Од друга страна според енергетските експерти на Македонија и претстои Либанско сценарио и можни се рестрикции на електрична енергија доколку не се преземат соодветни чекори. Овие рестрикции дополнително негативно ќе влијаат врз економијата и во многу случаи истите би го оневозможиле нормалниот тек на функционирање на економските субјекти и би довеле до прекини во работењето.

Повисоката цена на електричната енергија и останатите енергенси кои што би се набавувале на меѓународниот енергетски пазар, дополнително ќе го зголемат инфлаторниот притисок и ќе влијаат на порастот на цените на останатите производи. Доколку имаме такво сценарио стапката на инфлација во 2021 година ќе ја надмине и последната нагорно ревидирана стапка на ММФ од 3,1%.

Кирил Миновски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This