дома Македонија Македонија ќе има 6 нови пратеници

Македонија ќе има 6 нови пратеници

Собранието ќе има дури 6 нови пратеници по официјализирање на резултатите од локалните избори. Собраниската за градоначалничка фотелја ја менуваат 4 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и по еден на СДСМ и БЕСА.

Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ стана градоначалник на Охрид па сега на негово место нов пратеник ќе биде Зоран Коцевски. Интересна е смената на СДСМ. Мандатот на Касами во Тетово ќе ја чини БЕСА едно пратеничко столче помалку во Собранието бидејќи на негово место доаѓа пратеник од редовите на СДСМ, партија со која БЕСА беше во предизборна коалиција.

Во првиот круг градоначалници станаа и пратениците Тимчо Муцунски, Иван Јорданов и Дарко Костовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ како и Костадин Костадинов од СДСМ.