дома Актуелно Македонија ќе остане во пандемија до 2024

Македонија ќе остане во пандемија до 2024

Дали Европската Унија ја откачи Македонија за вакцини. Да! Па сите го гледаме тоа. Унијата покажа себичност и несолидарност. Сите земји добија вакцини, ама Македонија не.

Нашата власт кокетираше и се додворуваше на Брисел ама за вакцини остана со празни раце. Цел свет користи кинески, руски, германски, американски вакцини, ама нашиве упорно чекаат дозвола од Европска Унија.

Како и да гледаме унијата целосно ја дискредитира и ја понижи Македонија, двократно:

Прво со бугарското вето, а потоа и со вакцините за Ковид-19 пандемијата. Нешто повеќе на тема во Брифинг плус со Сашо Тасевски.