дома Анализи МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА СНАЈДЕ СЦЕНАРИОТО НА ЦРНА ГОРА: Насилно втурнување во НАТО...

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА СНАЈДЕ СЦЕНАРИОТО НА ЦРНА ГОРА: Насилно втурнување во НАТО и промена на името под притисок врз Иванов и пратеници на опозицијата!

Потпишувањето на договорот помеѓу Македонија и Грција за преименување на државата во Република Северна Македонија, која својата самостојност од Југославија ја доби во 1991. година, нема за цел пронаоѓање на долгорочно решение кои ќе го задоволи македонскиот и грчкиот народ

Вистинската цел е да се исполнат формалните услови за повик на Македонија во НАТО на самитот во јули оваа година. Ова мислење го изразија многу македонски, но и странски експерти, кои исто така внимателно го следат ширењето на НАТО пактот.

Потестуваме дека договорот за преименување на Македонија од 17. јуни го потпишаа министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас. Потпишувањето на договорт доведе до протести во Скопје и неколку македонски градои, под слоганот „Нема да се откажеме од името, тоа е наша земја“. Претседателот Ѓорѓе Иванов одби да го ратификува потпишаниот договор, па го врати назад во собранието. И покрај фактот што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата, парламентот го ратификуваше договор, но задачата на Заев сеуште не е завршено. На крајот граѓаните на референдум треба да го кажат своето мислење, но најверојатно е дека истиот ќе биде масовно бојкотиран.

Имено, според условите на договорот со Грција, Македонија би требала да го промени своето име и Устав, за што се потребни 2/3 од гласовите на пратениците. Владејачката партија во овој момент го нема тој број на гласови, дури и ако се земат во обзир партнерите во владејачката коалиција.

Русија изгледа незаинтересирано за целиот случај, иако познавачите на приликите доста добро знаат дека тоа не е така. Според рускиот историчар и експерт за Балканот од Институтот за славистика на Руската академија на науките, Георгију Енгелхард, Македонија може да очекува засилување на надворешниот притисок, пред се на претседателот Иванов.

„Ќе има силен притисок, внатрешен и надворешен, на пратениците од опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, за таа партија на некој начин да се подели и да се добијат потребните гласови во Сорбанието. Тоа треба да се очекува токму во рамки на кампањата за потреба за промена на името“ – верува експертот.

Енгелхард нагласува дека се изгледа како да се поткопува старата позиција во која Македонија се спори со Грција, што никој посебно не го крие. Во последните неколку години САД и други водечки западни земји заклучија дека треба да ја отстранат оваа „сива зона“ во југоисточна Европа, и веќе да се затвори овој простор надвор од НАТО пактот.

Ова подрачје ги опфаќа земјите БиХ, Србија, Македонија, самопрогласеното Косово и Црна Гора. Неодамна Црна Гора шокираше со влезот во сојузот, особено поради несогласувањето на граѓаните на земјата со ваквиот чекор.

Во Македонија ситуаицјата е малку поразлична, но приемот во НАТО под итно мора да се убрза, а за таа цел потребно е да се отстранат проблемите со Грција. Од доаѓањето на новата влада во Македонија, тоа веќе не е тајна, како ниту спремноста на Заев, Димитров и Шеќеринска да направат се што од нив бара атлантистичкиот блок.

Георгиј Енгелхард предупредува дека е очигледно дека, откако ќе се довшри „работата“ во Македонија, фронтот ќе се пресели во Србија и Република Српска, која го спречува ширењето на НАТО во Босна и Херцеговина.

„Мораме да разбереме дека населението во Србија силно се противи на влезв о НАТО, како што се гледа од сите анкети. Меѓутоа, тоа не може да се каже за власта во земјата. Знеме дека последната влада потпиша договор кој на НАТО пактот му даде права, имунитет и бенефиции кои Северноатлантскиот сојуз не ги ни бараше. На пример, правото на користење на воената инфраструктура, право на транзит, сето тоа НАТО го доби од Србија без прием на земјата во сојузот“, вели експертот.

Сепак, додава, за НАТО интеграцијата на Србија во сојузот во догледна иднина ќе биде сериозно политичко достигнување.

„Тогаш секогаш ќе можам да зборува дека со правилна политика дури и земји кои никогаш не се осудиле да слушаат станале ‘цивилизирани’, ‘сфатиле што им треба“ и дисциплинирано маршираа во заедничкиот систем. Но тоа е прашање на иднината, а сега се решава проблемот ‘Македонија’“, вели политологот и експерт за Балкан.

Зборувајќи за можниот исход од реферндумот во Македонија, Енгелхард обрнува внимание на фактот дека населението тука е поделено во две големи групи, на словенско мнозинство кое го чинат Македонците и албанската заедница. Во тој случај Македонците околу ова прашање би биле поделени отприлика на половина, а албанската заедница би го поддржала преименувањето на земјата, премиерот Заев и барањата на Западот.

Ако реферндумот биде спроведен исклучиво од страна на македонските власти под контрола на „меѓународните организации“, ќе се повтори и приказната за реферндумот за независност на Црна Гора, кога ЕУ рекла дека неговиот успех бил успех на Црна Гора. И навистина, властите добија точно онолку колку што им беше потребно . Не можеше да се очекува референдумот да даде некои други резултати“, заклучува Енгелхард.

И истражуваччот на Институтот за европски студии од Белград, Стеван Гајиќ исто така смета дека суштината на она што се случува во Македонија не е договор помеѓу Скопје и Атина, туку се настојува земјата да се втурне во НАТО „додека луѓето да се освестат“. Тој тоа го забележал на одржанио тсамит на НАТО.

„Според извештаите на медиумите, НАТО е спремен да ја втурне Македонија во организацијата, без обзир дали договорот ќе функционира или не. Тоа само укажува на тоа дека Брисел како средиште на ЕУ и Северноатлатнскиот сојуз, воопшто не се грижи дали ќе се реши спорот помеѓу Македонија и Грција. Македонија е потребно да се втурне во НАТО што е можно побрзо и тоа очигледно ќе се случи“, вели Гајиќ.

Што се однесува на името „Република Северна Македонија“, истото во Македонија ќе биде наметнато со насилни средства, иако еднакво неприфатливо и за грчкото и за македонското население.

Договорот за новото име на Македонија потпишан е против желбите на мнозинството Грци и волјата на Грчката Православна Црква, која е влијателен елемент во општествениот живот во земјата. Исто така е и во Македонија, каде Македонците излегоа на улица и протестираа.

И покрај некои ралзики, ситуацијата е слична на она што се случуваше во Црна Гора кога набрзина беше втурната во НАТО без референдум.

„Истото ќе биде и во Македонија, само да се запечати овој дел на фронтот со Русија“, смета српскиот експерт.