дома КОВИД-19 (Коронавирус) Македонија ќe вakциниpa лицa нaд 70 гoдини co „Cинoфapм“, Пакистан вeли дeкa...

Македонија ќe вakциниpa лицa нaд 70 гoдини co „Cинoфapм“, Пакистан вeли дeкa нe e eфикacнa зa лицaтa нaд 60 гoдини

Пакистан во четвртокот објави дека кинеската вакцина Синофарм не е ефикасна за луѓе над 60-годишна возраст, само еден ден откако ја започна својата програма за вакцинација на коронавирусот низ целата земја. Кина донираше половина милион дози вакцини „Синофарм“ на Пакистан.

Специјалниот асистент на премиерот за здравство, д-р Фајсал Султан во четвртокот за медиумите изјави дека стручниот комитет на Пакистан, додека ги разгледува податоците за прелиминарната анализа, ја препорачува вакцината само за лица на возраст од 18-60 години.

– Во оваа фаза, стручниот комитет не ја препорачува вакцината Синофарм за лица постари од 60 години, рече тој, додавајќи дека по добивање на повеќе податоци, ќе се донесе одлука дали може да се користи за стари лица. Официјалните изјави од Пакистан се дека прво ќе се вакцинираат здравствените работници од првата линија, а потоа следуваат постарите граѓани, а потоа и останатите. Но, сега луѓето над 60 години треба да почекаат некоја друга вакцина за да добијат заштита од коронавирусот.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска објави дека Македонија во понеделник ќе потпише договор за набавка на 200.000 дози од кинеската вакцина Синофарм. Според изјавите на министерот испораката се олекува во најкус можен рок.

Според планот за вакцинација во првата фаза од овие вакцини ќе се имунизираат здравствените работници и лица постари од 70 години.

За лицата над 70 години, матичните лекари ќе добијат список од системот Мој Термин со податоци за нивни пациенти од оваа категорија, по што телефонски поединечно ќе ги контактираат и доколку сакаат да се вакцинираат ќе им биде закажан термин за вакцинација.

Од Министерството информираа дека следната недела ќе биде готова он-лајн апликација преку која ќе се врши закажување за вакцинација. Сите граѓани кои сакаат да се вакцинираат ќе може да се пријават преку истата, по што системот Мој Термин ќе испорача точен термин за вакцинација. За секој граѓанин веднаш по апликација на првата доза, ќе биде резервирана и втората што треба да ја прими. Вакцинираните граѓани ќе добијат соодветен сертификат за примената вакцина.