дома Занимливости Македонка во Австралија возела со „карот“ по „стритот“ 200 км на час!

Македонка во Австралија возела со „карот“ по „стритот“ 200 км на час!

,,Мерцедес мама“, како што ја нарекуваат медиумите, Македонката Маргарита Томовска, која живее во Австралија, ќе мора да одговара на суд за пребрзо возење на нејзиниот скап Мецедес, кој чини 260.000 илјади австралиски долари.

Откако ја забележала полицијата на еден од автопатите, таа се обидела да им избега, па бркотницата траела десетина километри, по што била уапсена.

27 годишната Маргарита е позната на социјалната мрежа Инстаграм и во дел од австралиската јавност, по фотографиите со скапи автомобили, меѓу кои и со ,,Мерцедесот за принцеви“, како што ја нарекуваат скапата машина.

Инцидентот со Томовска се случил во ноември, лани, а судењето се одржа годинва на осми јануари.