Владата денеска ја разреши од должноста Славица Тодорова, директор на Управата за
Милутин Станчиќ, освен тоа што е професор по македонска и јужнословенска книжевност и српски јазик, е и бугарофоб и македонофоб, со оглед на фактот кој вели дека тој во неговите истражувања ги прогласува Македонските револуционери за „ѕверски кољачи“ и „нецивилизирани“.
„Техниката на убиства и начинот на колење и монструозно изживување на усташките хорди го учеа од ВМРО-вските кољачи кои се истите методи кои претходно ги применуваа на територија на Македонија во селата Стровја, Манастирец, Слепче, Долгаец и во поречкиот и прилепскиот крај. Воглавно во денови на празници обележани со црвени букви. Анте Павелиќ бил адвокат на вмровските крвопии, и нивните монструозни кољачки методи очигледно, од нив ги дознал и ги доусовршил. Во Долгаец, на пример, според сведоштвата на преживеаните, се уште неродени деца се вадени од утробите на мајките и обесувани на дрва…“ – вели новиот директор на Управата за развој и унапредување на образовението на јазиците на припадниците на заедниците, Милутин Станиќ во своето истражување „’Препишани’ злосторства Пребиловци-Долгаец“.
Ваквата одлука на владата доаѓа на ден пред државниот празник „Ден на револуционерната борба“ со кој се чествува токму поменот на револуционерите на организацијата на Внатрешната македонодринска револуционерна организација – ВМРО.
Станчиќ е и кум на градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, кој минатиот викенд се ожени на Косово, изигрувајќи ги Македонските протоколи со кој се ограничуваат ваков тип на домашни прослави поради коронавирусот.