дома Македонија МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ПОВТОРНО ЌЕ СЕ „ДОГОВАРА“ ВО АЛБАНИЈА: Заев се надева на...

МАКЕДОНСКАТА ВЛАДА ПОВТОРНО ЌЕ СЕ „ДОГОВАРА“ ВО АЛБАНИЈА: Заев се надева на Тиранска платформа 2

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во утринска емисија на телевизија Алфа рече дека по заминувањето од функцијата премиер Зоран Заев треба да си замине и од политиката. Имено тој посочи дека вчерашната прес конференција на Заев е една потврда на една капитулантска политика која што ја водел Заев како премиер и истакна дека македонскиот народ во огромно мнозинство е против промената на името и Преспанскиот Договор, а сето тоа многу добро го знае и Зоран Заев.

-Зоран Заев знае дека нема да добие гласови од македонскиот народ. Тие ќе бидат минимален број на оние најтврди членови на СДСМ кој што немаат да гласаат за Заев, ќе си гласаат затоа што ја сакаат политичката партија во кои се членови. Сите оние кои се симпатизери на СДСМ или неутрални гласачи нема да гласат за Зоран Заев. Сега тој го знае тоа и ова што го прави има логика затоа што се обидува сега да се обрати кон едно друго гласачко тело. На тоа друго гласачко тело ги убедува дека доколку дојде ВМРО-ДПМНЕ ќе настане колапс во државата, нема да бидеме членка на НАТО и нема да почнеме преговори со ЕУ, и тоа е една апсолутна лага. Но, Заев се обидува да се насочи таму, тоа е пред се кон албанското гласачко тело, да создаде таму паника кај тие луѓе. Јас сакам да ги охрабрам дека единствен кој што ќе изгуби од поразот на Зоран Заев е самиот Зоран Заев затоа што ќе се расчисти со неговиот криминал и корупција, потенцираше Николоски.

Тој додаде дека Заев се надева на тиранска платформа 2 каде што ќе изгуби сериозно и би обидел на овој начин да се спаси самиот себе.

– По мое мислење ова нема да помине затоа што очекувам ВМРО-ДПМНЕ да добие огромна поддршка, поддршка која може да стигне до двотретинско мнозинство и ќе му бидат џабе сите овие гимнастики на Зоран Заев. Но, со вчерашниот прес уште една потврди дека се работи за единствениот политичар на висока позиција во Македонија, во историјата на оваа држава кој што сам го прифаќа капитуланството и предавството на сопствениот народ, додаде потпретседателот.