дома Спорт МАКЕДОНСКАТА РАКОМЕТНА ФЕДЕРАЦИЈА ДОБИ НОВ СЕЛЕКТОР: Данило Брестовац официјално селектор на машката...

МАКЕДОНСКАТА РАКОМЕТНА ФЕДЕРАЦИЈА ДОБИ НОВ СЕЛЕКТОР: Данило Брестовац официјално селектор на машката ракометна репрезентација

Данило Брестовац денеска и официјално беше промовиран во нов селектор на машката ракометна репрезентација, наследувајќи го Раул Гонсалес, кој се повлече од функцијата по последното Светско првенство. По Звонко Шундовски и пауза од шест години, репрезентацијата повторно има домашен стручњак за селектор.

„Ова е остварување на мојот професионален сон, нешто што ќе даде печат на мојата кариера во ракометот. Мислам дека сум способен да одговорам на овој предизвик, бидејќи имам визија за тоа како треба да изгледа репрезентацијата“, изјави Брестовац, кој веќе беше дел од стручниот штаб.

Претседателот на Ракометната федерација, Живко Мукаетов, најави дека со Брестовац е потпишан договор со важност до јуни 2022 година.

„Мојата желба е да имаме професионален селектор, целосно посветен на репрезентацијата, но се договоривме Брестовац да остане и на клупата на Металург до крајот на сезоната. Тој ја има целосната поддршка од нас“, кажа Мукаетов.