дома КОВИД-19 (Коронавирус) Македонскиот oфицep нeмa jyжнoaфpикaнcки coj нa виpycoт, cтaнyвa збop зa нигepcки coj

Македонскиот oфицep нeмa jyжнoaфpикaнcки coj нa виpycoт, cтaнyвa збop зa нигepcки coj

Македонскиот офицер кој беше донесен од Африка не е заразен со јужноафриканскиот сој на корона вирусот, туку кај него е детектиран нигериски сој на вирусот.

„Според анализите од МАНУ кај војникот детектиран е нигериски сој на вирусот, а не јужноафрикански, иако има сличности меѓу двата соеви, не станува збор за ист сој. Нигерискиот сој исто така е чест во афричките земји“, се наведува во одговорот што МИА го побара од Министерството за здравство.

Оттаму информираат дека инфекцијата кај пациентот е во поодомината фаза и оти тој веќе е во фаза на оздравување.