дома Македонија МАКЕДОНСКИТЕ СНАЈПЕРИСТИ ПОМЕЃУ НАЈДОБРИТЕ: Второ место за снајперистите од Македонија, на светскиот...

МАКЕДОНСКИТЕ СНАЈПЕРИСТИ ПОМЕЃУ НАЈДОБРИТЕ: Второ место за снајперистите од Македонија, на светскиот натпревар во Кина!

Бригадниот генерал Методиј Хаџи Јанев и командант на полкот за специјални операции на својот фејсбук профил напиша дека е горд на снајперистите од Армијата на Република Македонија поради високото второ место освоено во Пекинг – НР Кина.

“МАКЕДОНИJО БИДИ ГОРДА!

Тие се секаде и никаде… ги гледате ама не можете да ги видите… но, тие се тука за доброто на сите нас, а ние треба да бидеме горди на нив затоа што на последното меѓународно натпреварување „SHARP BLADE 18“ кој се одржа во Пекинг – НР.Кина. за снајперисти на светско рамниште го освоија високото второ место и тоа од 38 екипи од 21 држава.“ – напиша Хаџи Јанев