дома Uncategorized МАКЕДОНСКИ ГЕНИЈАЛЕЦ:Христијан Арсов дете со натпросечен коефициент на интелигенција!

МАКЕДОНСКИ ГЕНИЈАЛЕЦ:Христијан Арсов дете со натпросечен коефициент на интелигенција!

Има само седум години,а веќе посетува настава за шестооделенци.Хрисијан Арсов од Велес е мал генијалец.Со натпросечен коефициент на интелигенција,тој лесно ја совладува математиката и напамет множи двоцифрен со троцифрен број.
Христијан на две години почнал да чита.Прво латиница па кирилица.Прво одделение учел само еден месец и оттогаш постојано напредува по едно скалило.Себеси се гледа во иднина,во многу професии.Хрисијан сака постојано да учи и да прашува за нови работи.
Се го интересира и прашува многу.Треба само да ги имате одговорите,вели неговата мајка Борка,која заедно со својот сине постојано на релација Велес-Скопје,бидејќи освен редовното основнообразование,Христијан се доусовршува на приватни напредни школи.Тоа бара многу пари,вели таа.

Христијан мора да добие соодветен третман од државата,ако таа сака да го задржи овој и слични на него генијални умови,порача градоначалникот на Велес Аце Коцевски, доделувајќи му го признанието.
Македонијан нема програма за ваквите генијални умови.На Христијан му е честоздодевно на настава, оти одамна ги совладал лекциите кои ги учат.За секое негово напредување во класично образование,родителите мораат да бараат дозвола од ресорните институции.
Христијан е неуморен и сака да знае се,дури и како се ракува со камера.Тој веќе победува на натпревари со многу повозрасни генерации од него.Неговите успеси ги препозна општината која му додели признание за најдобар млад грнијалец за 2018 година.