дома Македонија Македонски телеком го демантирa Симовски: Немало никаков пpoблем со интернет конекцијата

Македонски телеком го демантирa Симовски: Немало никаков пpoблем со интернет конекцијата

Во врска со написот за прекини во интернет конекцијата при спроведување на Пописот 2021, од Македонски Телеком испратија демант во кој велат дека нема никакви проблеми со интернет конекцијата и во текот на денот не е регистрирана ниту една пријава.

Претходно пак, како што информираше директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, а пренесе Македонската информативна агенција, прекинот на пописот не било поради проблем на пописната апликација туку во конекцијата со интернетот.

Имавме проблем со интернет конекцијата, ама не е проблем со апликацијата, туку со целата интернет мрежа во државата. Колку што сум запознаен, „Телеком“ работи на отклонување на овој дефект и мислам дека скоро тоа ќе се отклони и да немаме проблем во работата, изјави денеска директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски.