Македонски хирург без основни хируршки вештини испратен во Кабул?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали министерката за одбрана, Радмила Шекеринска испратила лажен медицински персонал во Кабул, како дел од мисијата на НАТО – оваа дилема ја отвора Извештајот до кој дојде Република.

Во истиот стои дека на македонскиот висцеларен хирург му фалат основни хируршки вештини кои не можат да се научат за три дена.

-Ме информираа дека баш поради тоа нашиот, македонски хируршки тим нема да работи самостојно во базата во Кабул туку ќе се присоедини кон норвешкиот хируршки тим, на што немав како да коментирам освен дека тоа е објективната реалност – стои во извештајот на кој е посочен датум 4 февруари 2021 година.

Според информациите до кои дојде Република, информацијата за нестручното лице во македонскиот тим била соопштена на состанок кој го свикал најстариот медицински офицер во базата.

Дали хирургот бил навистина хирург? Кој го избрал медицинското лице кое било пратено во Кабул? Зошто баш тоа лице е испратено таму? Ова се само низа прашања на кои министерката Шекеринска треба да даде одговори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This