Ручек за 4 лица
750-800 гр. свинско месо од шол или ружа
300гр.сланина
250гр мелено месо
2 главици кромид
сол
Начин на подготовка:
-Се зема свинско месо oд шол или ружа, се посолува. Сланината се сече на парчиња, а од меленото месо се прават мали бомбици (ќофтиња).
На жица од ражен се реди по следниот ред: прво се става парче свинско месо, потоа парче сланина, па бомбица од меленото месо, пoтоа парче кромид и пак по истиoт ред додека не се пополни жицата. Се пече на скара и се сервира топло.
– Овој специјалитет е карактеристичен за скопските гурмани.