дома Македонија МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ЗАПАЛЕНО, СКИНАТО И СИМНАТО ОД ЈАРБОЛ: Соросовата хунта и големоалбанците...

МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ЗАПАЛЕНО, СКИНАТО И СИМНАТО ОД ЈАРБОЛ: Соросовата хунта и големоалбанците на Заев ја спроведуваат тиранската платформа!

„Шарените револуциониери“ предизвикаа симнувањето на македонското знаме да стане пракса. Вчерашниот инцидент во Куманово во кој беше симнато Македонското знаме во центарот на градот и на чие место беше поставено знамето на друга држава, Албанија, не е единствен инцидент и настан со кој се омаловажува македонското знаме. На протестите на „Шарената револуција“ на СДСМ Македонското знаме беше симнато од еден од јарболите пред Влада на Р.Македонија.

Група млади Албанци вчера предизвикаа инцидент во Куманово, откако преку вандалски чин го симнаа државното македонско знаме лоцирано во центарот на градот, со цел да постават албанско знаме. Министерството за внатрешни работи соопшти дека се приведени две лица од село Слупчане кои попладнево биле забележани како го симнуваат државното знаме на Република Македонија од јарболот на плоштадот во Куманово.

Симнување на државното знаме не е нешто ново, и истиот чин претставува симбол на сите вандали што мислат дека така ќе ја скршат Македонија. Еден од перформансите на хулиганите од соросовата „Шарена револуција“ пред Владата беше симнување и кинење на македонското знаме.

https://www.youtube.com/watch?v=1RZc9lqSjy4

 

Ваквото непочитување кон највисокиот симбол на државата – знаме, први го потикнаа „шарените ревулоционери“ кои дадоа потик за ваквите настани во иднина.  Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, носи своевидна вина за овој настан, кој го предизвика индиректно со големиот број на јавни настапи во кој повторуваше доколку оформи влада ќе има дебата за промена на државното знаме, кое е една од точките на Тиранската Платформа – услов за Заев да стане премиер.

Вавкиот срамен и недоличен чин претходно го брендираа навивачите на Шкендија на натпреварот со Напредок во Кичево во 2010 година. Навивачката група „Балисти“ го симна македонското знаме од јарболот на стадионот во Кичево и наместо него го закачи албанското знаме, а потоа и го демолираше делот од стадионот на кој се наоѓаа приврзаниците на тетовска Шкендија. „Збогум вентилатору, добредојде орелу“ беше клипот што си го снимија балистите од инцидентот во Кичево.

 

https://www.youtube.com/watch?v=Dp1poy7OWFA

Неколку години подоцна, на таканарецените “балисти”, Зоран Заев им бесе почесен гостин на трибините кога Шкендија ги играше своите меѓународни натпревари, а СДСМ ја предводеѓе Соросовата разбеснета толпа на насилните протести пред Владата на Македонија одржани на почетокот на мај 2014 година.

 

Ваквата пракса на деградирање на Македонското знаме и истакнување на албанското продолжи и вчера во Куманово. Група вандали , среде бел ден, во центарот на градот, го симнаа македонското знаме и поставија албанско. Во изминатиов период исто така бевме сведоци на голем број на изјави на партнерот на Заев, Зијадин Села, во кои тој јавно кажува дека не го признава македонското знаме и никогаш не го признавал.