дома Занимливости МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ: Глас како славеј одекна на Алпите со македонски песни

МАКЕДОНСКО ДЕВОЈЧЕ: Глас како славеј одекна на Алпите со македонски песни

Зарина Првасевда е музичарка, но и љубител на планините, многу често, со нејзиниот ангелски глас одекнува низ планининските височини. Нејзините видеа снимени на планина имаат неколку илјади прегледи на Фејсбук-страницата, Зарина Првасевда. Овој пат, Зарина македонската музика ја промовира на швајцарските Алпи, каде што скијачи поминуваат пред нашите музичари.

Зарина веќе и е позната на јавноста и по неколку други прекрасни изведби, изведени на највисоките планински врвови кои токму таму звучат најубаво.

Веројатно никогаш не сте слушнале и нема да слушнете нешто посовршено од ова! Песната „Билбил пее во планина” на 2600 метри височина во изведба на Зарина Првасевда е нешто неверојатно. Тука се е толку магично што не ви требаат никакви ефекти, ниту придружни вокали, ехото си го прави своето. Ова е уживање, кое ќе го премотате одново и одново…

Погледнете: