дома Македонија МАКЕДОНЦИТЕ ,,БРОЈ ЕДЕН”: Во 2019-та Македонците со најголем број на добиени бугарски...

МАКЕДОНЦИТЕ ,,БРОЈ ЕДЕН”: Во 2019-та Македонците со најголем број на добиени бугарски пасоши

Македонците во 2019-та се убедливо најголем број на странци кои добиле бугарски пасош по основ на потекло. Комисијата за бугарски државјанства соопшти дека во првата половина од оваа година, односно од 1 јануари до 1 јули се издадени 8.362 пасоши за странци, а во структурата доминираат граѓаните од Северна Македонија.


Вкупно 3.619 Македонци добиле бугарски пасош од почетокот на година. На второ место се 1.422 Украинци и по околу 600-тини Молдавци и Израелци.

Има и Срби, Албанци и Турци, но во далеку помал број.