дома Македонија МАКЕДОНЦИТЕ ГИ СИЛУВАЛЕ ГРКИНКИТЕ: Навредувачки постери се лепат низ Грција во пресрет...

МАКЕДОНЦИТЕ ГИ СИЛУВАЛЕ ГРКИНКИТЕ: Навредувачки постери се лепат низ Грција во пресрет на протестот во Атина!

„Да ја спасиме нашата Македонија од е*ачословените“ стои напишано на постер на кој Македонија е претставена како војник кој се обидува да силува гркингка, а под нив лежат избезумени деца.

Постерот датира од анти-фашистичката борба на Грција, кој е адаптиран на актуелната ситуација, во која Грците сакаат да ја прикажат Македонија како непријателска земја која има територијални претензии.

На овој начин се испраќа и порака до меѓународната јавност дека Македонија е „непријателот“ во спорот за името, име кое според Грците, им припаѓа на ним.

Засега нема никаква реакција од од официјална Атина или од грчките политички партии за јасните провокации токму на денот кога медијаторот по „оптимистичките средби“ во Атина допатува на разговори во Скопје.

Реакција нема ниту од македонското МНР.