МАКЕДОНЦИТЕ ГО БРАНАТ МИРОТ ВО РЕГИОНОТ: Ѓурковиќ смета дека во Македонија се води битка за зачувување на мирот на Балканот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Битката која денес ја води македонскиот народ не e само одлучувачка битка за да ја зачуваат државата, нацијата и јазикот, туку и да ја зачуваат елементарната стабилност на овој дел од светот. Тоа во исто време е и битка со која треба да се спречи американската админстрација во заминување и НАТО да го запали Балканот, пишува Миша Ѓурковиќ во српскиот дневен весник Политика.

gurkovic infomaks

Тој наведува дека ВМРО-ДПМНЕ и покрај кризата и изборната кампања во која што против себе ги имаше најголемите странски амбасади и нивните странски служби, како и цел невладин сектор и две соседни држави, успеа да победи на изборите и да освои повеќе мандати од СДСМ.

– Според установеното правило како победничка македонска партија добија мандат за формирање Влада и фактички Груевски веќе беше договорен за нова влада со Али Ахмети, лидерот на најголемата албанска партија ДУИ. Но, во тоа директно се вмешаа странски елемнти. Реагираше претседателот на Владата на Албанија Рама и амбасадорот на администрацијата во заминување на САД Џес Бејли, кои го попречија формирањето на Владата. Под притисоци Ахмети се откажа и се наклони на правење коалиција помеѓу Заев и Албанците, пишува тој.

Ѓурковиќ во својата колумна истакнува дека Претседателот Иванов и покрај притисоците одби да му го даде мандатот на Заев, бидејќи формирањето на Влада помеѓу Заев и Албанската коалиција би било самоубиство за Македонија.

– СДСМ на сите можни начини избегнува да објави што содржи платформата и што се прифатиле. Неофицијално во неа се содржани: прогласување на албаниците како конститутивен народ и усвојување на албанскиот јазик како официјален и обврзувачни на цела територија, промена на химната, знамето и грбот, како и усвојување на резолуција за геноцид над албанците во Македонија во период од 1912 – 1956 година.

Тој додава дека како дел од договорот е по наредните локални избори албанците да добијат Заедница од албански општини, која би претставувало еден вид федерализација, односно прва етепа кон формирање на голема Албанија.

Ѓурковиќ во својата колумна исткнува дека во интерес на Србија е Македонија да преживее и да остане стабила, а Македонците сами да одлучуваат за својата судбина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This