дома Македонија МАКЕДОНЦИТЕ ДИШАТ OTPOВ: Во Прилеп возухот загаден 26 пати над дозволеното!

МАКЕДОНЦИТЕ ДИШАТ OTPOВ: Во Прилеп возухот загаден 26 пати над дозволеното!

Не помина ниту еден ден, а Прилеп му го зеде првото место на Скопје на скалата најзагадени градови во светот. Македонија се гуши . Прилепчани буквално дишат отров. На апликацијата Мој воздух, во овој град се измерени дури 1297 микрограми на метар кубен пм честички.

Никој нема одговор од што е причината за оваа енормна и опасна загаденост, а уште помалку пак како да се спречи. И Струмица е постојано со висока загаденост, а досега никој не понудил објаснување што се случува. Во Струмица се измерени 514 Пм, во Скопје редовно висока загаденост, Аеродром-392, Бисер 605, Центар 235 и така натаму.