дома Балкан МАКЕДОНЦИТЕ ДРЕМАТ НА ИНТЕРНЕТ: Поради ограчничувањата за движење, значително зголемено користењето на...

МАКЕДОНЦИТЕ ДРЕМАТ НА ИНТЕРНЕТ: Поради ограчничувањата за движење, значително зголемено користењето на Интернетот

young cell phone addict man awake at night in bed using smartphone for chatting flirting and sending text message in internet addiction and mobile abuse concept

За време на вонрeдната состојба поради eпидемија на кopонавирусот, српските државјани два часа подолго од порано ја следат телевизиската програма, додека кај македонските граѓани значително е зголемувањето на уделот на Интернет како извор на информации, покажа регионалното истражување на белградски Ипсос.

Според Ипсос информациите од телевизиските екрани се доминантни кај сите испитаници од 82 проценти во Србија до дури 91 процент на Косово. На скала помеѓу нив се Албанија (84 проценти), Црна Гора (86) и Македонија (87 проценти).

На дневно ниво во Србија, просечното време на гледање телевизија е зголемено за два часа во однос на претходниот период. Со ТВ-екраните се различни генерации, од различни причини, вклучувајќи повеќе слободно време или поради училишните обврски (учење од далечина).

Во однос на интернетот и печатот, Македонија е во предност со 64 проценти, а Албанија е на последно место со 33 проценти од испитаниците кои добиваат информации од тие извори. Србија (46) и Црна Гора (47 проценти) се речиси изедначени, додека Косово е поблизу до Албанија со 62 проценти.

Читаноста на печатот опаѓа, меѓу другото, заради ограниченото движење на неговите потрошувачи, а тоа се најчесто лица постари од 65 години.