дома Македонија МАКЕДОНЦИТЕ СО НАЈМАЛА ПЛАТА ВО РЕГИОНОТ: Највисока плата земаат Хрварите, а зад...

МАКЕДОНЦИТЕ СО НАЈМАЛА ПЛАТА ВО РЕГИОНОТ: Највисока плата земаат Хрварите, а зад нив Црногорците

Во регионот Македонците имаат најниски плати. Македонскиот работник со просечна заработка од 395 евра е на дното.

Хрватска има просечна плата од 842 евра. Зад неа е Црна Гора со 511 евра, а на трето место е Босна и Херцеговина со просечна плата од 454 евра. Просечната плата во Косово е 442 евра, што е за 22 евра повеќе отколку во Србија. Србите имаат просечна плата од 420 евра.

Македонија со години наназад заостанува зад регионот, а сите земји од регионот пак се далеку од стандардот во Европската Унија. Според одредени прогнози, на балканските земји ќе им бидат потребни децении за да ги стигнат земјите од ЕУ.