дома Македонија Македонци ќе го чуваат Косово од Срби

Македонци ќе го чуваат Косово од Срби

Владата на Македонија донесе одлука до крајот на оваа година да испрати еден вод во мисијата на НАТО во Косово, пренесува порталот Срби.мк

Како што е соопштено, Владата во Скопје, денес усвои одлука за учествување на Македонија во мисијата на НАТО на Косово- Кфор, и го задолжи Министерството за одбрана, до крајот на 2020 година, да одлучи по прашањата за распоредувањето на единицата во однос на јачината на водот и штабниот персонал (вкупно 45 лица).

Министерството за одбрана, како што е нагласено, треба да ја извести Владата во врска со учествувањето во операциите на НАТО во Косово-Кфор, најдоцна до 15 декември.