дома Европа МАКРОН ГО СКРШИ ЛЕДОТ ВО ЕВРОПА: Му ја честита победата на Путин

МАКРОН ГО СКРШИ ЛЕДОТ ВО ЕВРОПА: Му ја честита победата на Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон во телефонски разговор му го честиташе реизборот на рускиот претседател Владимир Путин, посакувајќи му успех во политичката, демократската, економската и општествената модернизација на Русија. Макрон е прв значаен западен лидер кој му ја честиташе победата на Путин на претседатселските избори во Русија кои се одржаа вчера.

Во соопштението на Елисејската палата се посочува дека Макрон при разговорот ја потврдил својата посветеност кон конструктивен дијалог меѓу Русија, Франција и Европа. Тој е убеден дека соработка меѓу ЕУ и Москва е од суштинско значење за европскиот континент и за двете страни. Двајцата претседатели разговарале и за случувањата во Сирија, борбата против употребата на хемиско оружје и за труењето на поранешниот руски разузнавач Сергеј Скрипал во Велика Британија. Путин на вчерашните претседателски избори победи со освоени 76,7 отсто од гласовите.