Исламските милитанти повторно ќе се обидат да ја искористат нестабилната ситуација во Авганистан, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон, додавајќи дека Франција ќе стори сé што е можно за да ги убеди Русија, САД и Европа да одговорат заедно.
Авганистанските градови паднаа за неколку дена, а денес цивилите се обидуваа на секој начин да го напуштат Кабул преку аеродромот, додека претседателот Ашраф Гани вчера избега, велејќи дека сака да избегне крвопролевање и затоа Талибанците лесно го освоија главниот град, пренесува Ројтерс
Франција ќе продолжи да ги штити најранливите и ќе игра улога во меѓународно организирани и фер напори за споделување на товарот доколку има бран мигранти во Европа.