дома Политика МАКСИМАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА НА ОВЛАСТУВАЊАТА: Го блокирале влезот и излезот на Скопје за...

МАКСИМАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА НА ОВЛАСТУВАЊАТА: Го блокирале влезот и излезот на Скопје за автобусите со кои носат луѓе на митинг!

Владејачката СДСМ продолжува со група злоупотреба на државните ресурси во пресрет на централниот митинг кој е најавен за денеска од 18 часот пред Владата.

Заради митингот на СДСМ, делот од булеварот Илинден пред Владата на Република Македонија два дена е затворен преку воведување на посебен сообраќаен режим. Граѓаните реагираат на ваквата блокада и сметаат дека со затворањето на булеварот од вчера попладне предизвикува поголем метеж и нервоза кај возачите.

Дополнително, СДСМ ги злоупотребува државните ресурси и конкретно Министерството за внатрешни работи со кое командува Оливер Спасовски преку запирање на сообраќајот на излезот на Скопје, со што обичните граѓани трпат за огромниот број на автобуси кои пристигнуваат од другите градови непречено да може да стигнат во главниот град.

Полицијата под команда на Спасовски на сметка на останатите граѓани приоритет им дава на партиските автобуси на СДСМ, со цел да се прикаже поголема масовност на денешниот централен митинг.

Тоа предизивкува нервоза кај граѓаните и воедно претставува класична злупотреба на државниот апарат во партиски цели, што за СДСМ е одлика во целата кампања.