Максо со нов удap за раководството на CДCM: Партијата не е акционерско друштво, не може да ми ја земете

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски во Утрински брифинг со нов удар кон раководството на СДСМ.

Според него тој е социјалдемократ и никој не може да му го земе убедувањето, ниту партијата бидејќи не станува збор за акционерско друштво.

=Инаку, јас сум социјалдемократ по убедување, во таа партија сум од 1995 година и никој не може да ми го земе ниту убедувањето, ниту партијата во којашто јас сум се вградил. Партијата не е акционерско друштво или сопственост на поединци коишто во моментов ја менаџираат. Таа припаѓа на сите. Гласовите ние не ги носиме во џебот, граѓаните имаат право по сопствено убедување да одлучат на едни демократски избори. Тоа што се користат одредени структури во делот на централната власт насочена на локално ниво преку директори, полиции итн, мислам дека е бесмислено да се бараат списоци од луѓе и да се носат во 21 век. Тоа го правеа некои други луѓе во минатото. Кумановчани се слободоумни луѓе, темпераментни луѓе, се водат секогаш по сопственото убедување. Притисоците во Куманово не поминуваат, а на 17-ти октомври ќе ја видиме вистинската волја и желба на кумановчани кој тоа сака да ги менаџира во следните 4 години. Јас знам дека имам капацитет заедно со мојот тим За наше Куманово да излезам и да го водам градот напред кон нови успеси, а тие цело време се повикуваат на владата. Ако сметаат дека владата треба да менаџира со градот, тогаш зошто да имаме децентрализација, тогаш нека дојдат па нека менаџираат“, потенцираше Димитриевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This