дома Македонија Мала речица со пиротехника доволна за градови

Мала речица со пиротехника доволна за градови

Во уште една акција во текот на попладнето тетовската полиција заплени скоро 30 илјади парчиња пиротехнички средства.  Тие се најдени кај 41 годишник од Мала Речица во објект во градот.

– Околу 17.30  часот од страна на полициски службеници од полициска станица Тетово во објект на улица Илинденска, сопственост на лицето С. М. (41) од М.Речица Тетово пронајдени му се и одземени 27 594 парчиња разни пиротехнички средства. Лицето е лишено од слобода за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок – велат од МВР.