дома Актуелно МАЛА РЕЧИЦА, ЦЕНТАР ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ДРОГА ЗА ИСИС: Спасовски криел дека...

МАЛА РЕЧИЦА, ЦЕНТАР ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ДРОГА ЗА ИСИС: Спасовски криел дека во лабараторијата во Мала Речица се произведувало дрога за ИСИС!

Во минатонеделната акција на македонската и српската полиција во Тетово запленети беа 300 килограми на синтетичка дрога позната како „каптагон“, која најчесто ја користат припадниците на ИСИС. Хемиска храброст, џихад дрога, „каптагон“ – сето тоа се жаргонски називи за синтетичката дрога која творците постојано ја менуваат во својот хемиски состав, јавува РТС

Докторот Милан Зарубица, кој неодамна е уапсен во Македонија, бил најдобар во мешањето на состојките на дрогата, а со тоа и најбаран во круговите на криумчарите и препродавачите на „каптагон“.

„Оваа акција е од светски размери затоа што го спречивме докторот Зарубица да произведе повеќе такви лабаратории, да формира мрежа на лабаратории како овде, така и во Турција и на Блискиот исток. Каптагон, односно синтетичката дрога е присутна како во светот така и кај нас. Размерите и капацитетите ќе бидат онакви, како што е популарна во светот така и кај нас“ – вели Дејан Миленковиќ, претставник на српската полиција.

„Каптагон“ не е нова дрога. Уште од шеесетите години на минатиот век се користел како лек за нарколепсија. Денес се доведува во врска со тероризмот. Медиумите пренеусваа дека истата е пронајдена кај терористите од Париз и Тунис.

„Се нарекува уште и дрога за супер-војници затоа што таа е толку интересна посебно на Блискиот и Среден исток каде се мисли дека ја подигнува борбеноста, храброста, ја подобрува будноста, го намалува апетитот, уморот, а кај актуни предозирања со некои помали или средни дози доаѓа до екстремна агитираност, агресивност и суицидално однесување, грчеви во мускулите, забрзана работа на срцето и зголемен притисок“, објаснува Славица Вучиниќ, началничка на Националниот центар за контроа на труење од Србија.

„Сите терористички организации го користат наркотикот пред се за свое финансирање и финансирање на свои противзаконски дејности, а од друга страна се употребуваат и за своите припадници особено пред нивно ангажирање за извршување на сложени терористички напади, особено самоубиствени напад“, вели Милан Мијалковски, пензиониран професор од Факултетот за безбедност.

Сомнежите се дека производството на оваа дрога цвета во Бугарија, Чешка, Унгарија, Полска и Романија и дека Блискиот исток се снабдува со „каптагон“ токму од тие лабаратории.