дома Актуелно Малешевци со натчовечки нaпори за спас на опожареното Мачево, активен пожарот и...

Малешевци со натчовечки нaпори за спас на опожареното Мачево, активен пожарот и над Будинарци

Малешевци прават натчовечки напори да се спаси селото Мачево кое се бори со огнената стихија која е неколку метри од селото и се заканува да направи вистинска катастрофа.
На последната линија за локализирање на пожарот, како што информираше градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, вклучени се голем број на луѓе, вклучително и противпожарни служби од Словенија, Австрија и Бугарија.
-Огнот е веднаш до асфалтот во селото и навистина без поголема поддршка истиот нема да бидеме во можност да го изгаснеме. Истовремено пожарот е активен и над село Будинарци и истиот се наоѓа на 500 метри воздушна линија, рече Пекевски.
Додаде дека пламените јазици во Мачево денеска се префрлале од село Робово кое беше меѓу најкритичните точки зафатени во Малешевијат