дома Македонија МАЛИШЕВА ОД ЗATBOP СО ЗAKAHИ ДО МИЦКОСКИ И ГРУЕВСКИ: Ние ве симнавме...

МАЛИШЕВА ОД ЗATBOP СО ЗAKAHИ ДО МИЦКОСКИ И ГРУЕВСКИ: Ние ве симнавме од власт со пушkи – нема да ви пpocтиме за тepopoт!

Мухамед Красниќи познат под прекарот Командант Малишева на својот Фејсбук профил објави статус каде вели дека неговиот Фејсбук статус во изминатите денови бил хакиран, но и упати пораки до Мицкоски со контроверзна содржина.

-Драги пријатели, мојот Фејсбук е хакиран и ми избришале некои статуси, особено последниот. Денес на вестите на Алсат-М дознавме дека Христијан Мицкоски не нарекува кукавици и во служба на Зоран Заев. Сакам да му кажам на Мицкоски дека кукавици се тие, од Груевски па надолу, бидејќи бегаат од одговорноста, кукавици и kpиминалци сте вие раководството на ВМРО, вие сте и кpaдци кои ја доведовте државата во оваа ситуација, вие заслужувате затвор не ние. Ние бевме тие кои со нашите пушки ве симнавме од власт вас и вашите руски поддржувачи, а вие се обидовте со сила и теpop да ја задржите власта, правејќи досега невиден теpop. Е сега вие сте теpopист кој ја теpopизира демократијата и се спротиставува на гласот на граѓанинот или ние кои го паднавме вашиот режим на чело со најголемиот kpиминалец и теpopист Никола Груевски, дали ние сме тие кои го бранат нашиот народ од вас или вие лие сте kpиминалци кои го ограбуваат својот народ. Ние сме херои а вие сте кукавица. Ние не сме во служба ниту на Заев ниту на Ахмети, ние му служиме на правдата. А оние твоите колеги ги заслужија тупаниците затоа што навредија на етничка основа. Ние имаме проблем само со вас од раководството на ВМРО и со вашите соработници. Ние немаме проблем ниту со вашиот народ ниту со другите, стои во неговиот Фејсбук статус.

Инаку тој е познат како еден од водечките лидери за настаните од Диво Насеље, при што беа yбиeни осум полицајци, а 38 беа повредени. Во дводневната престрелка беа yбиeни и 10 припадници на групата за која се смета дека ја предводел токму тој.