дома Спорт МАЛОТО ЧУДО ОД РУСИЈА: Преубавата Алина го собори светскиот рекорд

МАЛОТО ЧУДО ОД РУСИЈА: Преубавата Алина го собори светскиот рекорд

Руската уметничка лизгачка Алина Загитова постави нов светски рекорд во кратката програма на Олимписките игри во Пјонгчанг


Загитова на лизгањето во краткиот програм освои 82.92 бода.

„Засега не можам ништо да кажам но многу сум среќна што успеав“, рекла за новинарите.

Другата руска натпреварувачка Јевгенија Медведева го завзема второто место со 81.61 бод, подобрувајќи го сопствениот личен рекорд. Третото место припадна на Канаѓанката Кејтлин Озмонд со 78.87 бода.

15-годишната Алина Загитова е актуелна европска шампионка во уметничко лизгање.