дома Занимливости „Мамо, мамо држи се“ – синот ја бодри CeBepина пред спуштањето по...

„Мамо, мамо држи се“ – синот ја бодри CeBepина пред спуштањето по зиплајн, на кое тој ја нагoBopи

Хрватската пејачка Северина по одморот на Малдиви сега се врати во родната Хрватска каде ужива со синот Александар. Тие во моментов се во националниот парк Плитвички Езера каде го посетија и паркот Адреналин парк. A Северина повторно покажува дека е подготвена да се соочи со сопствените стравови кога станува збор за нејзиниот син.

Северина на својот Инстаграм профил објави видео на кое се гледа како се подготвува да се спушти на жичницата зиплајн.

„Сега ќе ме видите мене. Јас не сакав да се обидам, а сега ќе одам прва“ – вели Северина во видеото, на кое може а го слушнеме и Александар како ја бодри мајка му додека го снима видеото и и вели „Мамо, мамо држи се…“

Во еден миг додека инструкторот ѝ објаснува како оди целиот процес и како треба да го држи телото, Северина прашува:

„Да не се превртам!“

Северина убавото искуство реши да го сподели со своите обожаватели на Инстаграм, а до видеото накратко напиша:

„Ти благодарам сине, што ме наговори.“

Инаку Северина го роди синот Александар во бракот со Милан Поповиќ со кого подолго време водеа битка за старателство над малиот Александар.

Во 2019-тата година се случи преседан кога Северина го изгуби старателството над синот, па сега има право да го гледа само неколкупати неделно и секој втор викенд и таа одлука засега ја почитува.