дома Македонија МАНУ ГО КРЕНА ГЛАСОТ?: Ниедна соседна држава, ни академија не може ни...

МАНУ ГО КРЕНА ГЛАСОТ?: Ниедна соседна држава, ни академија не може ни да ми го даде ни да ми го земе јазикот

Прашан за ставот на БАН дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, што беше усвоено и во декларација од бугарскиот парламент, академик Радован Павловски одговори дека станува збор за државен јазик на кој ги напишал своите дела за кои има светски признанија.

-Јас на тој јазик имам светски признанија и преведен сум и на бугарски. Ниедна соседна држава, ни една академија не може ни да ми го даде ни да ми го земе јазикот, рече Павловски, додавајќи дека не може да се одрекува ниту постигнатиот и потпишан договор односно „не може секое едно решение да се оспорува“. За Гоце Делчев академикот кажа дека е надисториоска и наднационална личност.