дома Македонија МАНУ ДОНЕЛЕ ОДЛУКА ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО

МАНУ ДОНЕЛЕ ОДЛУКА ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО

Македонската академија на науките и уметностите ги прифатила сугестиите на Владата за промена на името, објави Алфа ТВ.

Претседателството на Академијата донело одлука за промена на својот назив, велат интерни извори за телевизијата.

Собранието на кое ќе биде констатирана промената на името треба да се одржи следниот четврток, а треба да биде прифатена една од двете опции – Национална академија на науките и уметностите или Академија на науките и уметностите на Република Северна Македонија.

Акронимот, односно скратеното име МАНУ треба да си остане исто.