дома Македонија МАНЧЕВСКИ ТВРДИ: Нема партиски вработувања и покрај огромниот број огласи

МАНЧЕВСКИ ТВРДИ: Нема партиски вработувања и покрај огромниот број огласи

Министерот Манчевски уверува дека нема предизборни вработувања во јавната администрација, иако за само пет дена објавени се 60 огласи. И минатиот месец институциите вработуваа, околу 120 огласи беа објавени во ноември.

Манчевски појаснува дека секоја година се рacкинуваат договорите на определено, па се потпишуваат нови. Вели дека институциите вработувале и ќе вработуваат согласно нивните потреби.