Манчев: На Босилово му треба нов градоначалник кој ќе знае да го оствари она што го ветил пред граѓаните

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На општина Босилово и треба нов градоначалник кој ќе знае да го оствари она што го ветил пред граѓаните, затоа што сегашниот нема реализирано ниту еден од клучните проекти, наведени и ветени во неговата програма, истакна Ристо Манчев, кандидат за градоначалник на општината од ВМРО-ДПМНЕ

„Во мојата работа, како иден градоначалник на општина Босилово, приоритет над приоритетите ќе биде решавање на проблемот со водоснабдувањето во сите населени места. Вода за пиење, едноставно мора да има за сите! Ќе го решиме проблемот со дивите депонии и ќе го модернизираме и реорганизираме Локалното комунално претпријатие кое е пред тотален колапс, потонато во долгови, задоцнети и нередовни исплати на плати, нула инвестиции во нова опрема, а јавната хигиена е под секое прифатливо ниво. Босилово, како центар на општината, постепено но сигурно ќе добие нов лик на урбана населба, со нови содржини, со спортска сала, со уредени улици, тротоари и одводни канали, и ќе го започнеме процесот на изградба на канализациона мрежа. Ќе го решиме проблемот со отворените одводни канали кои се извор на зараза и нехигиена во повеќе населени места во општина Босилово“ ветува Манчев.

Манчев потенцираше дека ќе се инвестира во сите населени места подеднакво, бидејќи општина Босилово треба рамномерно да се развива

„На Босилово му треба нов градоначалник, и Босилово ќе добие нов градоначалник, кој ќе биде присутен меѓу граѓаните, кој ќе донесе нова енергија, знаење, работа и посветеност. На Босилово му треба градоначалник кој ќе се грижи подеднакво за секој поединец и за секое населено место“, вели тој

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This