дома Свет МАРИНЦИ ГО ИСПИЛЕ ЦЕЛОТО ПИВО ВО ИСЛАНД: Американски војници го оставија Исланд...

МАРИНЦИ ГО ИСПИЛЕ ЦЕЛОТО ПИВО ВО ИСЛАНД: Американски војници го оставија Исланд без пиво!

Американските маринци кои се дел од вежбата на НАТО „Тридент 18“ во Норвешка, биле во посета на главниот град на Исланд каде што го испиле целото пиво во градот!

Околу 6.000 до 7.000 американски маринци, предизвикале „вонредна состојба“ во баровите низ Рејкјавик. Имено, голем дел од пабовите и рестораните морале да направат вонредни нарачки на пиво, откако маринците ги испиле, пишува „Исланд Магазин“.

Пивницата „Олгеро егилс Скалагримсонар“ успеала да добави уште 100 буриња пиво во стариот град во Рејкјавик кои не помонглае многу. Дел од баровите се снаоѓале со откупување на преостанатото пиво од супермаркетите и бензинските пумпи.

Најголемата воена вежба по крајот на Студената војна се одржува во Норвешка во која ќе бидат вклучени 50.000 војници од 31 земја – 29 членки на НАТО плус Шведска и Финска. Околу 8.000 војници ќе бидат Германци. Вежбата ќе се одржува на копно, во вода и во воздух.