дома Македонија Маричиќ потврди дека разговараат за „многу прашања“ со Бугарија

Маричиќ потврди дека разговараат за „многу прашања“ со Бугарија

Mинистерот за правда, Бојан Маричиќ изјави дека целосно стои позади премиерот Заев и неговите искрени намери во отворање на патот за почеток на преговорите со ЕУ.

„Ова е уште еден дополнителен екстра напор за движење на нашата земја во иднина. Процесот не е едноставен, ниту лесен. Премиерот дообјасни многу од неговите ставовите вчера, во кој што јасно и недвосмислено кажа дека ние можеме да разговараме за многу прашања со Бугарија и тоа го правиме“, рече Маричиќ во гостувањето на емисијата „Еурофокус“ на ТВ Телма.

Тој го кажа претходниот став на Владата дека македонскиот јазик и идентитет не се на маса за разговарање, a при тоа не се ни огради од ставовите на премиерот дека тоа било „само администрирање“ во Македонија.