дома Сцена Марија Шерифовиќ ги расплака сите со искрена честитка за празниците

Марија Шерифовиќ ги расплака сите со искрена честитка за празниците

Вака Марија им честиташе Божиќ на своите фанови на Инстаграм:

-Марија Шерифовиќ, која сите ја знаеме, не сум само јас, тоа што го пишува во овие редови, туку некој што повторно се раѓа кога ќе почне концерт и се поклонува пред вас. Тогаш настанува онаа Марија, вашата Марија, која ја знаете и сакате, таа што е поважна и подобра од мене лично. Таа „Марија Шерифовиќ“ постои само за вас и поради вас. Таа е ваша колку и моја. И морам да признаам, во таа кожа се чувствувам подобро од родената. Затоа нашата врска е нераскинлива и толку важна, како со семејство и најблиски, свои роднини. Фала ви за тоа. Сакајте ги родителите, своите деца, сакајте ги оние што неизмерно ве сакаат. Мир Божји – Христос се роди, напиша Марија Шерифовиќ на Инстаграм.