дома Занимливости Марија Шерифовиќ јавно ги прозва Огнен Здравковски и Адам Лабунски на Инсатграм

Марија Шерифовиќ јавно ги прозва Огнен Здравковски и Адам Лабунски на Инсатграм

Во новата сезона од регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Македонија има неколку кандидати кои веќе неколку пати си ја пробуваат шансата пред членовите од жирито.

Во оваа сезона поставени се нови правила од натпреварот, односно секој учесник кој ќе помине пред критиките и критериумите на судиите, ќе може да избере еден од нив како свој ментор кој ќе го насочува во текот на учеството.

Нашите кандидати Огнен Здравковски и Адам Лабунски за свој ментор ја избраа пејачката Марија Шерифовиќ, а кога таа прифати им се исполни желбата на нашите претставници кои ќе научат повеќе од ѕвездата на Србија.

окму поради подготовките во поглед на менторството, Марија им се обрати преку Инстаграм на своите ученици. Прв на нејзиниот список се најде Огнен, но исто така и Адам.

Нејзиното барање беше доколку ја немаат апликацијата Вибер, веднаш да ја инсталираат.

Но, во днешно време кога речиси нема некој што нема ваква алатка за комуникација, веруваме дека нашите момци веќе се подготвени пред предизвикот да се биде ученик на Шерифовиќ.