дома Спорт МАРКОС РОХО ГО НАПУШТА ЈУНАЈТЕД: Cе сели во татковината

МАРКОС РОХО ГО НАПУШТА ЈУНАЈТЕД: Cе сели во татковината

И покрај фактот што Солскјер има проблеми со повредени играчи, Манчестер Јунајтед е на добар пат да се раздели со дефанзивецот Маркос Рохо, пренесуваат медиумите на Островот.

Според последните информации Маркос Рохо е блиску до враќање во својата татковина каде ќе го носи дресот на Естудијантес.

Дефанзивецот ретко добива шанса во Манчестер Јунајтед и во последните две години само на 13 меча беше во стартниот состав, па реши да ја промени средината иако има договор со „црвените ѓаволи“ до 2021 година.

Англиските медиуми потврдија дека неговиот трансфер во Естудијантес е веќе договорен, каде Рохо ќе настапува како позајмен фудбалер.

https://twitter.com/BBCSport/status/1222504666656886786