дома Актуелно МАСАКАР ВО ИСТАНБУЛ: Најмалку 35 загинати, преку 40 повредени засега во новогодишниот...

МАСАКАР ВО ИСТАНБУЛ: Најмалку 35 загинати, преку 40 повредени засега во новогодишниот терористички напад во Истанбул!

Напаѓачи маскирани како Дедо Мраз извршија напад во ноќен клуб во Истанбул, убивајќи најмалку 35 лица при што преку 40 се повредени. Снимките кои ги објавија локалните медиуми покажуваат големо присуство на полицијата, но и делови од нападот во клубот

Најмалку 35 лица се убиени и 40 повредени потврдил и Истанбулскиот гувернер Васип Шахин, нарекувајќи го чинот – терористички напад. Инцидентот се случил во добро познатиот клуб „Реина“ во населбата Оракој, во општината Бешикташ.

Зборувјќи за детали од нападот, Шахин за локалните медиуми изјавил дека напаѓачите прво убиле еден полицаец кој стоел на вратата од клубот, а потоа продолжиле со крвопролевањето внатре, убивајќи недолжни цивили.

Според НТВ, во нападот се вклучени двајца напаѓачи, но според други извештаи се работи за еден. Очевидци на нападот велат дека напаѓачот зборувал Арапски, информираат Турските медиуми. Напаѓачите биле маскирани во Дедо Мраз.