дома Занимливости МАСАТА НА МЛЕЧНИОТ ПАТ: 890 милијарди пати помасивна од Сонцето

МАСАТА НА МЛЕЧНИОТ ПАТ: 890 милијарди пати помасивна од Сонцето

Млечниот Пат е голема спирална галаксија која го содржи нашиот Сончев Систем. Со дијаметар помеѓу 150.000 и 200.00 светлосни години, се проценува дека галаксијата е домаќин на речиси 100-400 милијарди ѕвезди и 100 милијарди планети.

Пресметувањето на масата на нашата галаксија или кој било свет е особено пpoблeмaтичнo. Овој свет не само што вклучува ѕвезди, планети, месечини, гасови, прашина и други објекти и материјали, туку тука е и темната материја, непознат и невидлив вид материја што сè уште не е целосно сфатена. Во секој случај, астрономите и космолозите можат да го пресметаат присуството на темна материја преку нејзиниот гравитациски ефект врз видливите предмети.

Неодамна, специјалисти од неколку национални институти направиле нови, попрецизни мерења на Млечниот Пат, кои покажаа колку е масивна нашата галаксија. Се покажа дека таа е 890 милијарди пати помасивна од Сонцето.

93 отсто од масата на Млечниот Пат се должи на темната материја. Широчината на Млечниот Пат е 256.000 светлосни години.

Иако масата на Млечниот Пат била мерена и претходно, сегашното истражување е поточно. Обично галаксиите се мерат кога се пресметува движењето на ѕвездите во нив. Тоа дава претстава како гравитацијата се одразува на ѕвездите и на тој начин се определува масата. Во Млечниот Пат тој метод не е точен, затоа што ѕвездите се замаглени од околните гасови и друг материјал. Освен тоа, Сончевиот Систем непрекинато се движи и пресметките со релативните објекти се потешки.

Научниците од Кралскиот колеџ во Лондон разработиле специјални модели со чија помош може да се предвидат движењата на гасови и ѕвезди.

Орбиталната брзина на овие објекти ги покажува гравитационите сили и како резултат на тоа – масата на галаксијата.

Научниците заклучиле дека нивните процени се во согласност со резултатите од другите истражувања со иста цел, давајќи им на своите наоди поголем кредибилитет.