дома Спорт МАСИМИЛИЈАНО АЛЕГРИ НЕ Е ПОВЕЌЕ ТРЕНЕР НА ЈУВЕНТУС: „Старата дама“ на прес...

МАСИМИЛИЈАНО АЛЕГРИ НЕ Е ПОВЕЌЕ ТРЕНЕР НА ЈУВЕНТУС: „Старата дама“ на прес најави разделба со Алегри

Масимилијано Алегри ќе ја напушти клупата на Јувентус на крајот на сезоната, откако освои пет шампионски титули.

„Масимилијано Алегри нема да биде тренер на Јувентус од сезоната 2019/20. Повеќе информации ќе бидат кажани на утрешната прес-конференција“, објави клубот на својата интернет страница.

По четири сезони во Милан, Алегри го презеде Јувентус во 2014 година и потоа го предводеше клубот до пет едноподруго титули во Серија А, но изостана посакуваниот успех во Лигата на шампионите. Јуве двапати играше финале за тој период, а годинава сензационално беше елиминиран од Ајакс во четвртфиналето.