дома Македонија Масовен протестен марш во Неготино за поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА

Масовен протестен марш во Неготино за поддршка ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА

Граѓани од Неготино вечерва, масовно со протестен марш, дадоа поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“.

Маршот почна од Градскиот парк, а граѓаните, како што рекоа, се залагаат за почитување на Уставот и зачувување на унитарниот карактер на државата. Тие се против платформата изготвена во туѓа држава со која, истакнаа, се поткопуваат темелите на македонската државност. Кажаа „не” за двојазичноста и за кантонизација на Македонија.

– Некои домашни слуги повторно помагаат за разнебитување на државата со прифаќањето други платформи исконструирани во други земји. На овој протестен собир сакаме да кажеме – доста е од сите предавства, доста од е уништување на Македонија. Да му дадеме поддршка на претседателот Иванов за да го зачува уставниот поредок, рече Блаже Лазовски, пензиониран професор по историја.

Според актерот Петар Темелковски, и тие неколку амбасадори во Македонија треба да знаат дека во светите книги е нашиот тестамент уште пред две илјади години.