March 28, 2024, 11:32 am

Масовна антиkopупциска akција во Албанија: ПриBeден градоначалникот на Лушње

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Специјалното обвинителство на Албанија (СПЕК) денеска ја започна најавената масовна антикорупциска акција заедно со припадниците на специјалната полициска единица за брзи интервенции. Денеска во Лушње тие приведоа шест лица, меѓу кои и градоначалникот Фатос Туше.

Туше е под сомнение за злоупотреба на тендери, а под три лица сеуште се трага. Сите приведени се дел од општинската администрација, повеќето од секторот за катастар.

Првиот човек на СПЕК, Арбен Краја, вчера ја најави големата антикорупциска операција, во која ќе се апсат службеници за проневера на јавните фондови во многу општини во Албанија.

Градоначалникот Туше на оваа функција е од 2011-та година. Просториите на општините се под контрола на полицијата, а ќе биде извршен и претрес во домовите на приведените.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This