дома Македонија МАСОВНИ ВРАБОТУВАЊА ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА: Власта „мотивира“ членство пред референдумот со партиски вработувања

МАСОВНИ ВРАБОТУВАЊА ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА: Власта „мотивира“ членство пред референдумот со партиски вработувања

Се вработуваат советници, референти, раководители, соработници. Предреферендумски, Централен регистар на Република Македонија објави оглас за вработување на 34 извршители на неопределено време во повеќе градови низ државата.

Платите се движат од 23.991 до 53.101 денари но интересно во огласот е дека се бараат и лица само со завршено средно образование и лица кои дипломирале на книжевност, географија или одбрана за работни позиции кои не соодветсвуваат со нивното образование па оттука во јавноста се наметнува прашањето дали станува збор за партиски вработувања во ек на референдумска кампања или пак преплаќање на неадекватен кадар.