дома Хроника Машки леш изваден од Вардар кај мостот Око

Машки леш изваден од Вардар кај мостот Око

Скопјанецот С.Б. вчера околу пладне пријавил дека додека ловел риба, на кејот од реката Вардар помеѓу Камениот мост и пешачкиот мост Око, забележал како водата носи машки леш, кој се заглавил на камењата покрај мостот Око.

-Од страна на екипа на Бригадата за противпожарна заштита од водите бил изваден лешот на машко лице на возраст од 55 до 70 години. Од страна на Итна медицинска помош констатирана е смрт без траги на насилство, информираат од МВР.

Увидна екипа извршила увид на местото на настанот, а по  наредба на Јавен обвинител, телото е пренесено за обдукција во Институтот за судска медицина.